Русковска: Кој има докази против мене, да ги достави во МВР

535

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во изјава за „360 степени“ ги повикува оние што имаат докази за некаков криминал да поднесат пријава против неа, откако денеска обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, излезе со обвинувања кон обвинителката.

– Ги охрабрувам сите што имаат нешто да пријават тоа да го сторат и заедно со сите докази што ги поседуваат да ги достават до МВР – вели Русковски.

Бојан Јовановски денеска во Судот рече дека има несоборливи докази за корупција поврзани со обвинителката Вилма Русковска, вредни четири милиони евра и побара нејзино изземање од предметот „Рекет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...