Ќе може да се исклучите од парно ако ви дозволат мнозинство од станарите во зградата

Секој граѓанин приклучен на парно греење ќе има можност да се исклучи само доколку системот што ќе го користи во иднина е енергетски ефикасен. Ова ќе биде дел од Предлог-законот за енергетска ефикасност што денеска како амандман беше прифатен на собраниската Комисија за европски прашања.

703

Амандманот го поднесе претседателот на Комисијата Артан Груби, а беше прифатен од министерот за економија Крешник Бектеши.

Граѓаниот ќе треба да обезбеди писмена согласност за исклучување од системот за централно греење или ладење од мнозинството од вкупниот број сопственици на посебни делови на зградата согласно Законот за домување.

– Во насока на обезбедување на чист воздух, а истовремено примена на мерки за енергетска ефикасност во иднина нема да има нерационални исклучувања од системот за топлинска енергија – велат од Министерството за економија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...