Конечно слободни: Осум правила кои Хари и Меган не мора повеќе да ги почитуваат!

Иако некои на прв поглед се можеби застарени, нелогични, членовите на кралското семејство мора да се придржуваат до нив. 

1037

Британското кралско семејство има многу правила кои мора да ги почитуваат сите нејзини членови.

Иако некои на прв поглед се можеби застарени, нелогични, членовите на кралското семејство мора да се придржуваат до нив.

Но, за Хари и Меган тоа е завршено. Меѓу другото, овие 8 правила повеќе тие не мора да ги почитуваат.

1. Не мора да се држат до строг дрес код
Од членовите на кралското семејство се очекува да се облекуваат скромно и никогаш претерано лежерно. Но, и Меган и Хари сега слободно можат да носат облека која им се допаѓа, а можат да се облекуваат неформално за која било прилика. Добредојдовте во светот на тренерките.

2. Немаат обврска да патуваат со спакувана „црна комбинација“
Членовите на кралското семејство со себе на пат секогаш носат и црна комбинација за облекување, во случај на некоја ненадејна смрт, каде во тој случај би морале да присуствуваат на погреб. Ова е мошне паметна идеја, и многу практична, сепак војводата и војвотката повеќе не мора да се пакуваат во склад со тоа.

3. Дозволено им е да потпишуваат автограми
Ниеден член на кралското семејство не би требало да дава автограми или да прави селфи со обожавателите (иако е познато дека некои го прекршиле ова правило). Меѓутоа, сега Хари и Меган се слободни да купат и селфи стап ако сакаат. И нека се подготват за делење на мноштво автограми.

4. Не мора дискретно да стануваат од масата, односно од столот
Ако член на кралското семејство мора да оди, на пример, до тоалет за време на јадењето, тој тоа не го објавува пред сите на масата. Наместо тоа, тие само велат „извинете“ и се повлекуваат.

5. Сега можат да ги прегрнуваат своите обожаватели
Како и кај автограмите и селфи фотографиите, кралската двојка не би требало да ги прегрнува и бакнува своите обожаватели, пред сè, бидејќи тоа е прашање на нивната безбедност (иако е очигледно дека Меган повремено го кршеше ова правило). Сега можат да ги прегрнуваат своите обожаватели.

6. Финансиски независни
Можеби една од најголемите промени во нивните животи е тоа што принцот Хари и неговата сопруга сега можат да бидат финансиски независни. Можат да заработат сопствен приход бидејќи нема да примаат средства од британските даночни обврзници.

7. Сега и со имињата е опуштено кога нема титули
Парот ќе ја изгуби титулата „Вашето Кралско Височество“. Така што отсега ќе бидат само Хари и Меган.

8. Можат да ги задржат подароците
Иако кралското семејство мора да го прифати секој подарок кој го добива (дури и ако е тоа нешто безвредно), кралицата Елизабета одлучува кој ќе го задржи кој подарок. Така што, ова правило повеќе не важи за Хари и Меган.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...