Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, денеска го пушти во употреба новиот систем за автоматско препознавање на регистарски таблички на затвореното паркиралиште „Трготекстил“.
Овој мрежен систем вклучува ANPR камери (камери за автоматско препознавање на регистарски таблички) кои ќе овозможат точна идентификација на возилата и ефикасна контрола и управување со пристапот од сите влезови на паркиралиштето.
Заради секојдневните злоупотреби на досегашниот систем и бројните жалби и поплаки од граѓаните, ЈП ПОЦ ќе го воведе овој систем на сите три затворени паркиралишта со цел да се постави ред и контрола. ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе ги раскине корисничките договори за повластени паркинг карти на сите корисници кои ќе вршат злоупотреби. Ваков систем веќе е поставен на паркиралиштето „Аутомакедонија“, а во наредниот период ќе се воведе и на паркиралиштето „Дом на градежници“.
Со воведувањето на системот за автоматско препознавање на регистарски таблички ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе стави крај на неправилностите кои се случуваа години наназад на трите затворени паркиралишта „Дом на градежници“, „Трготекстил“ и „Аутомакедонија“ и ќе направи ред во паркирањето давајќи приоритет на жителите кои живеат во опфатот на овие паркиралишта.