Веста за раѓањето на близнаците Луси и Николас ја изненади светската јавност, бидејќи целата бременост на Ана Курникова беше чувана во тајност.
Поранешната тенисерка Ана Курникова (38) не ја објави својата прва бременост сè додека буквално не се породи. Сега се појавија гласините дека убавата Ана и нејзиниот долгогодишен партнер, музичката ѕвезда Енрике Иглесијас (44) очекуваат трето дете, откако папараците ја снимија со труднички стомак.
Ана Курникова и Енрике Иглесијас се родители на две близначиња – момче и девојче, а наскоро очекуваат уште еден член во семејството.
Во декември 2017 година Ана и Енрике првпат станаа родители на близнаците синот Николас и ќерката Луси.
И покрај тоа што славната двојка одлучи првата бременост да ја чува во тајност, Ана и Енрике со задоволство ги покажуваат своите обожавани близнаци на социјалните мрежи.