Купил часовник за 350 долари, сега вреди 700.000 долари

– Не мислам дека на светот има друг часовник од овој модел, а така добро сочуван - му кажал проценителот на пензионираниот војник.

561

Воен ветеран од САД во 1970-тите купил часовник за 345,97 долари, но никогаш не го носел. Пред извесно време го однел на проценка и дознал дека тој, всушност поседува богатство.

Часовникот Ролекс вредел меѓу 500.000 и 700.000 долари, доколку биде понуден на аукција. Моделот е „Rolex Oyster Cosmograph Reference 6263“.

– Не мислам дека на светот има друг часовник од овој модел, а така добро сочуван – му кажал проценителот на пензионираниот војник.

Скапоцениот часовник бил купен додека војникот бил распореден во Тајланд. Како што раскажува, тој не се разбирал од часовници, но видел дека пилотите на комерцијалните летови носат Ролекс и решил да си набави еден таков. Тогаш не ни претпоставувал дека тој модел е истиот како тој на холивудската ѕвезда Пол Њуман во филмот „Winning“ од 1969 година, што, меѓу другото, го прави предметот прилично интересен за колекционерите на часовници.

 

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...