Ме кријат половина век за да избегнат скандал: Овој човек тврди дека е вонбрачно дете на принцот Чарлс и Камила Паркер ФОТО

Сајмон е роден во Госпорт, во близина на Портсмут во април 1966 година, а кога имал само 18 месеци го посвоиле Британците Карен и Дејвид Деј.

1528

Инженерот од Австралија со име Сајмон Дорант Деј (53), тврди дека е вонбрачно дете од принцот Чарлс и Камила Паркер и, како што вели тоа сака да го докаже пред Врховен суд.

Сајмон е роден во Госпорт, во близина на Портсмут во април 1966 година, а кога имал само 18 месеци го посвоиле Британците Карен и Дејвид Деј. Сајмон е убеден дека на посвојување го дала тогаш 18-годишната Камила.

– Мојата баба Винифред која тогаш работеше за кралицата, ми кажа отворено дека јас сум син на Чарлс и Камила. Некој ја коментираше структурата на мојата вилица и ми кажа дека е иста како кај кралицата. Косата ми беше како косата на Камила – тврди Сајмон и вели дека тој ќе биде „најексплозивната работа која некогаш му се случила на кралското семејство“.

Исто така тој вели дека наместо сите да се занимаваат со Хари и Меган треба малку да стравуваат од него.

Доколку тоа што го зборувал Сајмон е вистина тоа значи дека бил зачнат кога Чарлс имал 17 години, а Камила 18 години што е спротивно од приказната на Чарлс и Камила дека се запознале во 1970-те години.

Сајмон себеси се нарекува „принц Сајмон“ и тврди дека за него би се дознало доколку принцезата Дајана не починела.

– Верувам дека Дијана знаела дека постојам и дека и тогаш сфатила што навистина се случува. Мислам дека стигнала до точка кога пронаоѓала се повеќе одговори за сопствениот живот, за тоа какво зло ѝ е направено и секако дека имала намери да го објави сето тоа – самоуверено изјавил „принцот Сајмон“.

FOTO: Fejsbuk/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...