Халеп – Мугуруза во второто полуфинале на Австралија опен

67

Романката Симона Халеп и Шпанката Гарбиње Мугуруза ќе играат во второто полуфинале на Австралија опен. Ова е епилогот по четвртфиналните мечеви одиграни ноќта вторник кон среда.

Халеп експресно со 6:1 и 6:1 ја совлада естонската тенисерка и се избори за второ полуфинале на Грен слемот во Мелбурн.

Мугуруза, во нешто понеизвесен меч беше поуспешна од Русинката Анастасија Пављученкова со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3. За Шпанката пласманот помеѓу четирите најдобри е најдобар досегашен резултат на АО.

Во првото полуфинале ќе играат Ешли Барти од Австралија и Софија Кенин од САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...