Атлетико негираше за трансфер на Кавани

86

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо откри дека напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани е далеку од потпис со шпанскиот клуб.

Медиумите го поврзаа 32-годишниот фудбалер со преселба во Шпанија, откако неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни.

– Немаме никаква врска со играчот. Ни треба стрелец кој ќе бележи голови, затоа што не можеме да ги завршиме шансите што ги имаме. Трансферите се секогаш комплицирана работа, но засега нема што да се коментира – изјави шефот.

Кавани веќе шест и пол години е во францускиот гигант, но тој не добива доволно време за игра оваа сезона, откако е претпочитано офанзивното трио Килијан Мбапе, Нејмар и Мауро Икарди.

Манчестер Јунајтед и Челзи се, исто така, меѓу екипите кои се поврзуваат со репрезентативецот на Уругвај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...