Министерот за образование Арбр Адеми во изјава за ТВ21 рече дека книгата по социологија за втора година од средното образование, во која се дискриминираат и се навредуваат жените, ќе биде корегирана до крајот на учебната година.
За време на неговото гостување во емисијата „Клик плус“, министерот истакна дека знае за грешките и откри дека ревидирањето за овој учебник веќе започнало.
Тој додаде дека ќе ги извести сите училишта и наставници по предметите во средно образование за грешките или пропустите во учебниците.
Повеќе прочитајте ТУКА.