Владата во рамки на денешната петта седница го разгледа и прифати барањето за итна изградба на поликлиника во Општина Бутел, врз основа на позитивното мислење на Министерството за здравство со оглед дека во планираната фискална 2020 година за оваа намена се предвидени средства во Буџетот на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.
Како дел од оваа точка, како што се посочува, Владата донесе заклучок да ѝ препорача на Општина Бутел да го донесе деталниот урбанистички план, а потоа врз основа на издаден Извод од план за градежна парцела на која се планира изградбата на поликлиниката да се утврдат и дефинираат програмските барања за изработка на Основен проект за нејзина изградба.