Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на денешната јавна дискусија за предлог-законот за јавно обвинителство остро искритикува дека се смешни и дилетантски одредбите во законот, како и дека продолжувањето на постапките не е нова сезона од серијата „Френдс“.
– Не ми е јасно што беше толку важно во овие неколку случаи за „Поштенска банка“, „Империја“ и останати за кои по мене се незаконски поведени, за да се одолговлечат и да се обезличат за да не згаснат тие спорни истраги? Што беше толку важно за да се одолговлечат сите останати постапки за овие случаи? – праша Кајалџиев.
Тој истакна дека и во овој предлог-закон има неколку нејасни одредби.
– Член 108 од предлог-законот вели дека постапките треба да продолжат. Дали е ова нова сезона на „Френдс“? Зошто обвинителот не го покаже писмото од Катица Јанева? И јас ќе го повикам уште еднаш обвинителот да го покаже писмото – рече Калајџиев.
Тој остро искритикува дека постапките кои се спорни не може политички субјект да ги воскресне, дека се смешни и дилетански одредбите во законот за Европската конвенција, чии одредби требало да ги имплементира сега новото обвинителство.