Академикот Владо Камбовски, кој учествуваше во изработката на предлог-законот за Јавно обвинителство, на денешната комисиска расправа во Собранието истакна дека предлог-решението за ЈО е добро законско решение и дека овој закон мора да биде донесен, па дури и да се одложат изборите закажани на 12 април.
– Законот за јавно обвинителство е само дел од реформите на судскиот систем, па затоа политиката мора да наведне глава над правдата. Овој закон мора да се донесе дури и по цена да се одложат изборите за еден месец. Земјава не може да мрдне во европските интеграции без владеењето на правото – истакна Камбовски.