ВМРО-ДПМНЕ: Корона зема замав, Филипче да ги спроведува насоките од СЗО

Филипче да одговори дали надлежните имаат насоки за постапување, дали здравствените институции се подготвени да реагираат - бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

96

Корона додека коси низ светот, Филипче предвреме се распушти од функција министер и не презема ништо.  

Министерот за здравство Венко Филипче само продолжува со лагите. Сега на ред се лагите дека се е под контрола кога станува збор за корона вирусот и сето ова го кажува во период кога сме сведоци дека проверката на патниците на скопскиот аеродром доцнела, се вели во денешното соопштение од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изјавата на Венко Филипче.

Министерот Филипче наместо да уверува и да тврди, во суштина само лаже. Да почне веднаш и без никакви одлагања да ги спроведува насоките од епидемиолозите и Светската здравствена организација.

Филипче да одговори дали надлежните имаат насоки за постапување, дали здравствените институции се подготвени да реагираат.

Граѓаните гледаат дека Филипче и Владата предводена од СДСМ само лажат и на 12-ти април ќе стават крај на ваквото однесување, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ . 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...