Македонската фудбалска репрезентација составена од играчи до 15 години одигра нерешено 1:1 со соодветната селекција на Хрватска Италија во 1.коло од турнирот на Нациите.
Стрелец на голот за Македонија беше Емир Саитовски.
На ова натпреварување учествуваат 16 репрезентации поделени во четири групи.
Македонија е дел од групата А во која покрај Хрватска се наоѓаат уште и домаќинот Италија, и САД.
Б-групата ја сочинуваат Англија, Јапонија, Обединетите Арапски Емирати и Чешка.
Во Ц групата се селекциите на Словенија, Русија, Мексико и Романија, додека во последната Д група се Австрија, Португалија, Норвешка и Коста Рика.