Во Германија потврден првиот случај на корона вирусот

281

Во Германија е потврден првиот случај на коронавирусот, епидемијата што избувна во Кина кон крајот на 2019 година.

Канцеларијата за здравство во Баварија потврди дека со вирусот е  заразен жител на Штарнберг,  место на триесет километри од Минхен.

Пациентот засега е во добра состојба и е под надзор на лекар.

Засега не се објавени детали за пациентот, на која возраст е, ниту неговата националност.

Луѓето кои биле во контакт со пациентот биле информирани за можните симптоми на болеста и мерките што треба да ги преземат доколку се промени нивната здравствена состојба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...