Вчера во 09.45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар било пронајдено починато женско лице.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вработените во Бригадата за прпотивпожарна заштита Скопје веднаш го извадиле телото од водата, а лекар од Итна
медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По преземени мерки било констатирано дека станува збор за 60-годишната Б.К. од
скопската населба Радишани. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.