Таравари за ТВ21: Нема тројна коалиција – Беса го бара името на „виновникот“

1187

Трипартиската коалиција помеѓу Алијансата за Албанците, Беса и Алтернатива нема да стане реалност. Ова за ТВ21 го потврдил генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

– Тројната коалиција нема да се постигне. Денес или утре ќе се сретнеме со двете страни, а потоа ќе се собере централното раководство на Алијанса за Албанците за да одлучи со која партија ќе прави предизборна коалиција – посочил Таравари.

Тој не сакал да коментира која од двете партии, Алтернатива или Беса, има поголеми шанси за коалиција со нив.

Од Беса, пак, ја повикуваат партијата на Зијадин Села јавно да ги соопшти причините поради кои одбива да се случи тројната соработка.

– Ако постои виновник во овој процес, тогаш нека ѝ го соопштат на јавноста – истакнал генералниот секретар на Движењето Беса.

Од партијата на Африм Гаши, пак, информираат дека денеска раководството на Алтернатива ќе одлучи за понатамошните чекори.

– Денеска раководството ма Алтернатива ќе одржи состанок на кој ќе се одлучи за следните чекори во врска со предвремените парламентарни избори, конкретно за начинот како ќе се настапи на изборите, како и опциите за можни предизборни коалиции – велат од Алтернатива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...