Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и претседателот на Собранието Талат Џафери се искараа на собраниската говорница . Џафери не му дозволува на Димовски процедурална забелешка, бидејќи тој не е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
– Барам да доставите список на поставени и неодговорени прашања и да го објавите на веб- страницата на Собранието и да го доставите до медиумите. И второ да информирате кои членови на Владата се присутни на седницата. Не може со пола министри да си играме пратенички прашања. Не сум одговорен јас да ви го кажувам ова. Не моиже со пола Влада да глумите транспарентност, објаснете ми како со пола влада ќе тераме партенички парашања. Ако се бориме за транспарентност треба барем 90 отсто од Владата да е тука – рече Димовски и додаде дека знае оти Џафери секогаш се плаши кога тој излегува на говорница.