Осомничените во случајот „Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Надлежната обвинителка за овој предмет Лиле Стефанова, која моментално сведочи во предметот „Рекет”, рече дека истражителите и објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале.
– При претресот во 6 часот утрото Јордан Камчев ги пречекал облечен во тренерки. Таму било и лицето Зоран Милевски – Кичеец. Слична ситуација истражителите кажале дека имало и во просториите на „Орка Холдинг“. Канцелариите биле средени и урдни. Таму ги пречекале Михајло и Филимена Маневска – рече Стефанова.
Таа додаде дека со обвинетата Катица Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот „Империја”.
На прашање од судијата, дали Стефанова е скарана со некој од обвинетите таа одговори:
– Не сум скарана ама не сум во добри односи со второбвинетата – Стефанова.
На денешното судење наместо обвинителката Вилма Русковска, распитот на сведокот Стефанова го врши обвинителката Гордана Смаќоска.
Стефанова го застапува предметот „Империја“, во кој е осомничен рекетираниот бизнисмен Орце Камчев.По обелоденување на случајот „Рекет“, обвинителката Стефанова информираше дека Катица Јанева побарала осомничените во Империја да ја надоместат штетата и никој од нив да не оди во затвор.
Во Рекет обвинети се поранешната специјална обвинителка Јанева и Бојан Јовановски. Одговараат за злоупотреба на службената положба, примање награда и перење пари.
Судењето за „Рекет”, продолжуваа по неколку одложувања