Превентивни мерки против корона вирусот кој предизвика глобална загриженост, од денеска ќе се спроведуваат на Меѓународниот аеродром Скопје. Со термална камера ќе се скенираат патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус.
На аеродромот се активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед на сомнителните патници.
Надлежните тврдат дека простор за паника од коронавирусот во земјава не постои, но Комисијата за заразни болести, сепак, заклучи по препораките на СЗО, да бидат преземат превентивни мерки.