Повредена кавадарчанка откако со „форд фиеста“ излетала од патот

317

На регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново вчера околу 7.30 часот патничко возило „форд фиеста“ со неготински регистарски ознаки, управувано од дваесет и осумгодишната А.Д. од Кавадарци излетало надвор од патот.

Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во кавадаречката болница  каде и е укажана лекарска помош и била задржана на лекување.

Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица Кавадарци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...