Од први февруари Државниот завод за ревизија ќе го проверува начинот како биле исплаќани високите надоместоци во веќе згаснатото Специјално обвинителство, јави Алсат.
Според информации од заводот, нема да се прави целокупна финансиска ревизија, туку само основаноста на одлуката обвинителите и останатите вработени, освен плата, да земаат и додатоци и тоа во илјадници евра.
Ревизијата во СЈО е планирана во официјалниот план на ревизорите за годинава.