Американски медиуми ја објавија целосната снимка во која се слуша како претседателот на САД, Доналд Трамп, наводни повикува на отпуштање на екс-амбасадорката Мари Јованович.
Снимката е од донорска средба одржана во април 2018 година во хотелот „Трамп интернејшенл“ во Вашингтон, Јованович беше разрешена од оваа фуниција во мај 2019.
За оваа видео снимка, во која Трамп и другите околу него не се во кадар, претходно објави и „Еј-би-си њус“.
Во неа, човекот чиј глас е сличен на гласот на Лев Парнас, американско-украински бизнисмен, говори: „Најголем проблем за нас е што најпрвин треба да се ослободиме од амбасадорот… Таа во насекаде оди и зборува, ‘почекајте уште малку и ќе му објават импичмент’.
На ова, Трамп наводно одговара: „Отпуштете ја, отпуштете ја утре. Сеедно ми е, направате го тоа“.
Разговорот е во спротивност на изјавите на Трамп дека тој не ги познава Парнас и Игор Фруман, уште еден украински бизнисмен.
Доколку се верифицира оригиналноста на оваа снимка, тоа може да ги поткрепи настојувањата на демократите за нови сведочења во текот на процедурата со судењето за импичмент на Трамп која се одвива во Сенатот.
Средбата е повеќе од една година пред да се разгори скандалот со Украина и укажува дека Трамп ги планирал многу предвреме своите намери да компромитира политички ривали во Украина.
ФОТО: EPA / Chris Kleponis / POOL