Периодот на инкубација на новиот коронавирус може да се движи од 1 до 14 дена, изјави Ма Ксивеи, шеф на кинескиот државен комитет за здравство на прес-конференција во неделата.
– Анализите покажуваа дека просечниот период на инкубација трае околу 10 дена, најкраткиот е околу еден ден, а најдолгиот околу две недели – изјави Ксивеи.
Новиот вид на коронавирус може да се пренесе и за време на периодот на инкубација, нешто што е карактеристично за обичните вируси. Според најновите официјални бројки, 2.027 луѓе се заразени во Кина, а досега има 57 жртви.