Треба да делуваме превентивно, а не само репресивно, порача техничкиот премиер Оливер Спасовски, за групата на инернет преку која се разменувале порнографски содржини и кај малолетни девојчиња, а која ги вознемири родителите.
– Кога зборувам превентивно, мислам сите заедно тоа да го направиме уште пред да се случи одреден настан, а не само кога ќе се случи. Тоа важи и за родителите, кои треба да знаат како децата да ги заштитат од социјалните мрежи, но и за образовните институции, тие доколку дознаат, веднаш да пријавуваат вакви случаи. Бидејќи, досега често се случувало во образовните институции да се знае за вакви појави, а да не се пријавува, па ние за тоа дознаваме од медиумите. Сите заедно да се бориме, и родителите, и семејствата и институциите – рече Спасовски и најави дека МВР и Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземе сите мерки.