Љума и Даут од „Медена земја“ ја добија престижната американска награда за кинематографија

3560

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34 доделување на наградите на Асоцијата на кинематографери на Америка (ASC -The American Society of Cinematographers).

„Најважната награда што еден кинематографер може да ја посака. Благодарам ASC“, напиша Љума на својот профил на „Фејсбук“.

Наградата на кинематограферите од „Медена земја“ им ја додели режисерот Тод Филипс кој рече дека ова е „златно време на документарниот филм“.

„ASC Award“ важи за најпрестижна светска награда во светот на кинематографијата бидејќи ја доделува Асоцијата на кинематографери на Америка (ASC).

„Медена земја“ досега има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот и за првпат е македонски филм кандидат за Оскрар во две категории.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...