Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Кон крајот на денот во западните делови, а во текот на ноќта кон понеделник во поголем дел од земјава, ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Минималната утринска температура ќе се спушти до минус пет, а макисмалната дневна ќе достигне 13 степени.
Во понеделник, особено во претпладневните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во следните денови до четврток ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови, а ќе дува и умерен ветер од западен и северозападен правец.