Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека обвинувањата за поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат Вице за поткуп на гласачи не ги процесуирала до судот бидејќи не видела докази за изборни нерегуларности.
– Кога немате докази нема што да процесуирате до судот – изјави Русковска за телевизија Канал 5.
Оваа изјава Рускоска ја даде по денешната објава на италијанскиот весник Ла верита во која се тврди дека браќата Заеви вршеле поткуп на гласачи во 2014 година. Весникот тврди и дека поседува докази од обинителскиот акт.