Преку затворена група на социјалната мрежа Телеграм со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички, објави Радио МОФ.
Радиото информира дека веќе до него реагирале средношколци кои пристапиле до групата, и појаснуваат дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на Телеграм. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.
Групата за неколку дена стигна до над 7400 членови, а во неа се пристапува по претходна покана од пријател.
Радиото, како што информира, оваа информација ја споделило со МВР, но нема соодветен одговор.