Ловџии граѓани и полицајци една недела трагаат по исчезнатата Марија Брзакова од Босилово

28- годишната Марија која исчезна на 18 – ти овој месец.

804

Околу 100 ловџии од ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово, но и од Ново Село и Струмица во координација со полицијата утрово тргнаа во потрага по 28 годишната Марија Брзакова од Босилово која исчезна на 18 – ти овој месец. Ловџиите заедно со полицијата, но и граѓани доброволци денеска ќе го пребаруваат теренот околу речните корита, каналите и браните во регионот.

Од ловното друштво „Гоце Делчев“ најавија дека нивните членови остануваат на терен се додека не се пронајде исчезнатата жена.

28- годишната Марија Брзакова исчезнала во раните утрински часови на 18 – ти јануари. Оттогаш и се губи секаква трага.

Според информациите од семејството облечена е во темни тренерки, на нозете имала патики или влечки,а со себе не носела ниту чанта, мобилен телефон или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса.

И од полицијата и од семејството апелираат до сите граѓани кои ќе ја забележат или пак имаат било каква информација да пријават во најблиската полициска станица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...