Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се донесе законот за јавно обвинителство

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да учествува во работните групи и додаде дека ќе соработуваат за се што е во интерес на граѓаните.

447

ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се донесе законот за јавно обвинителство доколку Владата, предлагачот има сериозна намера да ги прифати забелешките на опозицијата и ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа, изјави лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во Скопје.

– Ние во минатото често пати имавме забелешки на предлозите на Владата, тие на прва беа одбивани и беа црвена линија во преговорите, но потоа беа прифаќани како факт дека сме биле во право. Така беше и за последниот случај кога им велевме немојте на ваков начин да дивеете со законите и со Уставот на оваа држава, и со писмо од притвореничката да ги префрлате предметите од СЈО во рамките на редовното обвинителство. Има процедура дајте да донесеме закон, да го донесеме тој член со кој што ќе се официјализира сето она кое што е од областа тужител заклучно со 30.06.2017 поднесено во рамките на судовите. Тогаш одлучија на таков начин и велеа дека тоа е исправно, дека тоа е согласно Законот и Уставот. Денеска, пак, во новиот предлог бараат од нас во процесите во кои што се во тек да донесеме член со кој што практично ќе се легализира она кое што беше направено на незаконит и неуставен начин – рече Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да учествува во работните групи и додаде дека ќе соработуваат за се што е во интерес на граѓаните.

– Следната недела ќе има јавна дебата на која што ќе можеме да дискутираме околу текстот на овој закон на експертско ниво, на стручно ниво, ќе бидеме дел и од политичките преговори, но ќе бидеме дел и од оваа експертска дебата- рече Мицкоски.

За најавата дека и јавниот обвинител Љубомир Јовески ќе учествува наредната недела на јавната расправа и за неговото тврдење дека предлогот е добар, Мицкоски рече дека е нормално Јовевски да каже дека сега законот е добар откако за тоа добил инструкции од Медарски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...