Заев за законот за јавно обвинителство: Имаме проблем политичари да одлучуваат за иднината на предметите

Треба да го оставиме системот и со системски решенија да се бира државниот обвинител, обвинителот за организиран криминал и сите обвинители. Исто така, предметите сегашни, идни и минати мора да бидат осигурани. рече Заев.

345

Должни сме кон државата Законот за Јавно обвинителство да се најде пред пратениците пред распуштањето на Собранието, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Јавните обвинители имаат право да конкурираат како сите, без некој некому да гарантира, за сите да важат подеднакви услови, тоа е нешто со кое ЕУ нема проблем и ние немам проблем. Но имаме проблем со прашањето политичари да именуваат обвинители, имаме проблем политичарите да ја одлучуваат иднината на предметите. Треба да го оставиме системот и со системски решенија да се бира државниот обвинител, обвинителот за организиран криминал и сите обвинители. Исто така, предметите сегашни, идни и минати мора да бидат осигурани. Самиот Закон предвидува осигурување на предметите, односно тие се веќе во судска процедура, и треба да имаме предвид дека за тоа треба да биде одлучувано независно, а не политичарите тајно да седнат и за тоа да одлучуваат – рече Заев.

Тој додаде дека решението треба да биде кристално чисто кое ќе гарантира владеење на правото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...