Кајсер преку Ла верита: Заев купувал гласови во 2014 година, знаеле Груевски и Могерини

1509

Италијанскиот весник Ла верита денеска објави нови документи за тоа како Зоран и Вице Заеви поткупувале гласачи во Струмица за време на изборите во 2014 година, за што имало отворено случај кој никогаш не добил судски епилог. Весникот, како што пишува, се сомнева дека за сето тоа имало договор помеѓу Никола Груевски, поранешната високата претставничка за надворешна политика на ЕУ , Федерика  могерини и Зоран Заев.

Според весникот, за случајот се водела истрага во обвинителството во Скопје. Имало сериозни сомневања за тоа дека Зоран Заев како лидер на СДСМ и градоначалник на Струмица и неговиот брат Вице Заев биле дел од мрежа за изборни нерегуларности, но досега не е поведена судска постапка.

Според аналитичарите користени во текстот, тоа што обвинителството во тој период не успеало да го процесуира случајот, би можело да значи и дека имало паралелен договор помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски, поранешната високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини  и Зоран Заев.

„Со оглед на тоа што Груевски, преку неговиот братучед и доверлив шеф на тајните служби Сашо Мијалков, имал достап до секоја информација, реално е да се помисли дека ги знаел и сите детали за истрагата која што ние ја анализираме“, наведува весникот.

Авторот на текстот Ларис Кајсер тврди дека за ова поседува материјали прибавени со примена на посебни истражни мерки, а доказите ги поседува и обвинителката Вилма Русковска.

„Со оглед на тоа што за откриеното потенцијално кривично дело, од кривичната пријава број 50/16 во обвинителството за организиран криминал, роковите не се застарени, па може да се очекува дека сето ова би требало да води кон нов развој на настаните од страна на тие што го водат случајот“, пишува авторот на текстот.

Весникот најавува дека наредните  денови ќе објавува кратки сублимирани извадоци од дел од документите од истрагата.

Во видеото што го објавува Ла Верита се гледаат делови од материјали поврзани со купување гласови на граѓани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...