Eвропската перспектива на земјата и тоа што треба да се направи таа да добие датум за преговори, но и да стане членка на ЕУ, била тема на разговорот што го направиле утрото претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Како што соопшти партијата, на средбата заеднички било констатирано дека е потребен напредок на Македонија кој ќе биде во корист на граѓаните.
Мицкоски, се додава во соопштението, истакнал дека членството во ЕУ е највисоко во агендата на ВМРО-ДПМНЕ и како партија која ќе ја формира владата по 12 април ќе направи сѐ Македонија да биде ставена на брза трака кон интеграција во Унијата.
– Наместо декларативни ветувања како до сега со СДСМ ќе имаме вистинско придвижување -рекол Мицкоски.
Тој се пожалил дека земјата е во безизлезна состојба со оваа власт, како држава СДСМ не има донесено на дното.
– Корупцијата, криминалот и рекетот цветаат и тоа го гледаме веќе и во извештаите на реномираните меѓународни институции како Транспаренси. Реалноста говори дека хибридниот режим на Заев ја носи земјава кон ќорсокак – рекол тој.
Мицкоски се пожалил и како што рекол „дека судската власт е под стегите на Заев и власта и дека тоа го оневозможува нормалниот тек на правдата“.