Дескоска најави јавна расправа по законот за јавно обвинителство

Вчера претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата со образложение дека бараат на разговорите да биде присутен државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

138

Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите. Очигледно бегањето им стана партиска определба, напиша mинистерката за правда, Рената Дескоска на фејсбук.

Во постот таа најавува дека ќе биде закажана јавна расправа за законот како што тоа предходно го побара опозицијата.

„Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите. Очигледно бегањето им стана партиска определба. Сепак, ќе биде закажана јавна расправа за законот. Па ќе видиме дали и од неа ќе избегаат“, напиша Дескоска.

Вчера претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата со образложение дека бараат на разговорите да биде присутен државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески и дека бараат јавна расправа по законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...