Четворица мигранти од Авганистан ноќеска се откриени на граничниот премин Табановце во вагон на товарен воз кој сообраќал кон Унгарија.
Полицијата соопшти дека вработени во МЖ-Транспорт пријавиле дека на излез од земјава во товарен воз кој сообраќал на релација Р.Грција-Р.Унгарија забележале тропање во некој од контејнерите. Откако биле отстранети пломбите во еден од вагоните натоварен со контејнер биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан: А.Б.К.(20), O.M.(30), A.З.(19) и С.И.(33).
Мигрантите се однесени во транзитниот камп Табановце за понатамошна постапка.