Девојче ќе изгубело глава заради скршено огледало, газдата ја удирал со тупаници и со стап, дури и ја сечел по вратот

1685

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – насилство. Оваа се вели во соопштението на јавното Обвинителство Скопје, од каде додаваат дека осомничениот 64-годишник грубо навредувал, малтретирал и извршил физичко насилство врз дете на возраст од 14 години.

– Оштетената со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот во Аеродром. На 23 јануари, девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал најпрвин да ја навредува, а потоа и да ја удира со тупаници и со стап по главата и телото. Во еден  момент зел парче од скршеното огледало и започнал да ја сече од задната страна на вратот. Оштетената се обидела да избега и да повика помош, но тој продолжил да ја тепа и во дворот на куќата. За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и 1.5 година, која не успеала да му помогне на девојчето, информираат од скопското обвинителство.

Имајќи го предвид видот и тежината на кривичното дело што му се става на товар, предвидената казна, опасноста и степенот на загрозување од вакви кривични дела, како и фактот дека се работи за насилство врз 14-годишно дете, надлежниот јавен обвинител процени дека постојат околности кои укажуваат опасност од бегство на осомничениот. Од тие причини, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, јавниот обвинител го ценеше и фактот што се работи за кривично дело против јавниот ред и што осомничениот е лице кое е претходно осудувано и кое би можело да го повтори кривичното дело.​

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...