Стружанец подигнал пари со туѓа картичка, заработи кривична

225

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Е.(43) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 04.11.2019 на ул„Ристо Крле“ во Струга, оштетената С.Ѓ.(65) пријавила дека изгубила паричник со платежна картичка и пари. Пријавениот, истиот ден го пронашол паричникот и од банкомат со картичката противправно подигнал пари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...