Го прашаа Бред дали ќе ја носи Џенифер на доделувањето на Оскарите: За неговата реакција сите зборуваат ВИДЕО

актерот се сретна со поранешната сопруга Џенифер Анистон, а оттогаш медиумите едноставно не престанаа да пишуваат за нивното евентуално помирување.

1583

Ова е очигледно година на Бред Пит. Не само што тој освои три награди, туку можеби му се насмевнува и првиот Оскар во кариерата. И за оваа награда е номиниран во категоријата за споредна улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“.

И покрај тоа што во претходните години имаше многу филмови во кои Пит одигра главна улога и навистина си ја заврши својата работа добро, оваа престижна награда на Американската филмска индустрија отсекогаш секогаш го заобиколуваше. Медиумите честопати пишуваа дека Оскарот, всушност, го избегнува „заради неговата убавина“.

Бред Пит синоќа доби уште една награда на Меѓународниот филмски фестивал Санта Барбара, а на прашањето на новинарката „како му оди на Тиндер“, бидејќи на претходнтото доделување на наградите се пошегува дека ќе го освежи својот профил на оваа социјална мрежа по многуте признанија, тој одговори со насмевка: „Не знам“.

На неодамнешните награди САГ, на кои исто така доби признание за улогата во филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, актерот се сретна со поранешната сопруга Џенифер Анистон, а оттогаш медиумите едноставно не престанаа да пишуваат за нивното евентуално помирување. Потоа беше објавена нивната прва заедничка фотографија по 15 години.

Сега самиот актер ја разбуди фантазијата на многумина. Имено, на прашањето кој ќе биде негова придружба на претстојната церемонија на доделувањето на Оскар и дали тоа ќе биде токму Џенифер Анистон, 56-годишниот актер шармантно од срце се насмеал пред да одговори дека нема партнерка за Оскарите и се тргнал од новинарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...