Шилегов: Не сум нобеловец за да знам дали ќе падне снег во 2021 година

513

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска одговараше на новинарски прашања во дворот на гимназијата „Никола Карев“ во Општина Карпош.

Освен тоа што новинарите го прашуваа за уништените јавни површини во некои делови од главниот град, тие му поставија и прашање во врска со склучениот договор со компанија за чистење снег, кој досега не падна во Скопје.

Тој даде интересен одговор, а тоа е дека кога сега би знаел каков снег ќе падне во 2021 година, тогаш би бил добитник на Нобеловата награда.

– Не можеме да постигнеме насекаде да вршиме контрола. Мора да се изработи систем со кој ќе се одржуваат јавните површини. Што се однесува до фонтаната на плоштадот, таа е прескапо платена, а плочките не легнуваат како што треба. Од друга страна, кога зборуваме за снегот, Скопје е должно да има зимска служба за одржување на улиците. Би бил нобеловец ако во јуни оваа година знам каков снег ќе имаме во 2021 година – изјави Шилегов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...