Таткото на Меган објави досега невидени фотографии од неа и го обвини Хари ФОТО

Томас Маркл за најновото интервју добил пари, а изнесувањето на семејната интима за него не е проблем.

2429

Меган Маркл (38) и нејзиниот татко, Томас Маркл (76) го прекинаа секаков контакт уште во 2018 година. Тој не избира зборови кога неговата ќерка е во прашање па така веќе неколкупати даде до знаење колку е лут што Меган и принцот Хари (35) го исклучиле од нивните животи.

Тоа уште еднаш го потврди во 90-минутниот документарец што се прикажуваше во средата на британскиот Канал 5. Томас во интервјуто открил нови валкани детали од нивниот однос, но и покажал фотографии од детството на Меган. Томас во разговорот признал дека бил „љубоморен на принцот Чарлс додека ја водел Меган до олтарот“, бидејќи тоа требало да биде негова задача.

За прекинот на односот со ќерка му го обвинува принцот Хари, за кого вели дека се однесува како „чувствителен 12-годишник“. Сè пукнало по низата телефонски разговори пред кралската венчавка.

Тој требаше да ја води ќерка си до олтарот во Виндзор, но сè падна во вода откако беше откриено дека направил таен план со фотограф. Тој ги снимал своите подготовки за венчавката иако кралското семејство изричито ги замоли медиумите да ја почитуваат нивната приватност. Томас ѝ понуди извинување на кралицата, но извинувањето не беше прифатено. Набрзо потоа поради застој во работењето на срцето Томас заврши на операцијата и лекарите му рекоа дека нема да може да отпатува во Британија. Тој тврди дека Хари после сè ладно му рекол: „Да ме слушаше, ова немаше да ти се случи“.

Томас Маркл за најновото интервју добил пари, а изнесувањето на семејната интима за него не е проблем.

– Тие ми должат. Кралското семејство ми должи, и Хари, и Меган. Морам да бидам награден за сè што поминав. Меган ми рече дека ќе се грижи за мене кога ќе остарам. Сега сум стар – време е да внимава на својот татко – рекол Томас.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...