Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, денеска бил пренесен во Центарот за кардиохирургија „Оназис“ во Атина, поради висока температура предизвикана од вирус, за да му се направат дополнителни испитувања, објавија грчките медиуми.
Од кабинетот на Павлопулос, рано утрово преку соопштение ги известија новинарите и медиумите дека „поради вирус на претседателот на државата Прокопис Павлопулос, денешните средби во претседателската палата нема да се одржат“, јави дописничката на МИА од Атина.
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC