Струмичката полиција привела малолетник од с.Просениково затоа што во вторникот физички нападнал полицаец кој вршел службени дејствија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што е наведено во полицискиот билтен, полицијата реагирала по претходна пријава од 24-годишна жена дека малолетникот ја допирал по телото. Како што велат оттаму, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.