Министерката за правда Рената Дескоска преку Фејсбук објави дека Венецијанската комисија ја прифатила нејзината номинација за член на ова тело.
– Тоа е потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата, напиша Дескоска.
Дескоска е прва членка на Венецијанската од Македонија од позиција министер за правда. За членови на Комисијата досега се предлагаа експерти од правната област. Пред Дескоска, член на венецијанската комисија беше професорката од Правниот факултет Тања Каракамишева.