Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ, кои го сочинуваат дуото „Ту челос“ веќе нема да настапуваат заедно, а својот прв соло-настап Лука веќе го закажа, и тоа во Белград.
– Бидејќи паузиравме, време беше Стјепан и јас да им се посветиме на нашите проекти. Постоевме и пред „Ту челос’, така што е нормално и двајцата да имаме свои уметнички желби и аспирации, но тоа не значи дека нема да свириме повторно. Прекрасно е да можеме да настапиме и сами и заедно – открил Лука Шулиќ за српскиот магазин „Стори“.
Овој талентиран музичар вели дека најважно е што тој станал татко вторпат и истакнал дека семејството му е на прво место.
– Уште кога се оженив ѝ ветив на сопругата дека ќе го напуштам Стјепан и ќе ѝ се посветам нејзе, темпото кое го имавме со „Ту челос“ беше лудо. Знаете, никој не може да ви го врати времето ако имате две мали деца. Уживам да сум дома. Еве, Хана игра покрај мене и сега додека зборуваме. Целиот живот моја животна филозофија е да имам семејство. Сепак, јас не сум тип што само сака да биде дома и да менува пелени. Јас сум уметник и треба да се изразам така. Сега закажувам петнаесет концерти за шест месеци, а со „Ту челос“ толку беа за еден месец – рекол Лука.
FOTO: Instagram/Printskrin