Одложен извештајот за новата преговарачка методологија на проширувањето, најверојатно за 5. февруари

Во тек сме на финализација на извештајот и тој ќе биде објавен во наредните недели. Целта е да го направиме процесот на зачленување покредибилиен, поефикасен и подинамичен. Паралелно стоиме зад нашата препорака за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Рековме дека тие го исполнија тоа што се бараше од нив и крајно време е ЕУ да го одржи своето ветување - изјави Писонеро.

562

Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, ги потврди гласините дека извештајот за новата методологија на преговорите нема да биде објавен на 29 јануари како што се очекуваше.

Писонеро порача дека Европската Комисија никогаш официјално не соопштила дека извештајот ќе се објави на 29 јануари, и потврди дека нема да има извештај на тој датум. Очекувањата во дипломатските кругови во Брисел се дека методологијата ќе се објави една недела подоцна, на 5 февруари.

Извештајот за новата преговарачка методологија на ЕУ во процесот на проширување е еден од неформалните услови побарани од страна на Франција, услов кој го поддржуваат и низа други земји членки на ЕУ.

– Во тек сме на финализација на извештајот и тој ќе биде објавен во наредните недели. Целта е да го направиме процесот на зачленување покредибилиен, поефикасен и подинамичен. Нашата намера не е да се исцрта нов процес, туку да се зајакне постоечкиот, а паралелно стоиме зад нашата препорака за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Рековме дека тие го исполнија тоа што се бараше од нив и крајно време е ЕУ да го одржи своето ветување – изјави Писонеро.

Таа додаде дека во пресрет на состанокот на шефови на држави и влади на ЕУ и Западниот Балкан во Загреб во мај ќе биде објавен и економски инвестициски план за Западниот Балкан чија цел е да се „интензивира присуството“ на ЕУ на Балканот, процес кој ќе им биде од корист на двете страни, изјави Ана Писонеро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...