Двајца пијани од Крива Паланка ги нападнале вереницата и сопругата

857

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка
поднесе кривична пријава против Ф.П.(28) од Крива Паланка, поради
постоење основи на осмнение за сторено кривично дело „телесна
повреда“. На 08.12.2019 во семејната куќа пријавениот, по претходна
расправија и под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата
вереница и ѝ нанел повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка
поднесе кривична пријава против М.С.(57) од с.Конопница,
кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено
кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.01.2020 пред семејниот дом, пријавениот, кој бил под дејство на алкохол, со тврд предмет физички ја нападнал неговата сопруга Л.С.(53), а го навредувал и неговиот син И.С.(26).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...