Денеска во 06.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на бул.„Партизански одреди“ пет лица со закана со пушки и пиштоли од вработените ги одзеле парите од дневниот промет, по што избегале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска МВР.