Претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Хрватската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од својот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на платото пред „Вила Водно“.
Грабар-Китаровиќ и Иванов ќе имаат тет-а-тет средба, а предвиден е и пленарен состанок на официјалните делегации на Република Македонија и на Република Хрватска.
Претседателката Грабар-Китаровиќ во рамки на посетата ќе се сретне и со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.